Полската Партија на правото и правдата сака продолжен мандат за претседателот Дуда зарази коронавирусот

Полската владеачка партија на Правото и правдата (ПиС) предложи измени на полскиот Устав за да му се овозможи продолжување на мандатот на актуелниот претседател Анджеј Дуда за уште две години заради заканата што е присутна од пандемијата со коронавирусот.

Полскиот Устав одредува претседателскиот мандат да трае пет години, а според предлог законот што вчера му беше упатен на парламентот, тој би бил продолжен на седум години,  додека претседатеските избори закажани за 10 мај ќе бидат одложени.

-Актуелната закана за јавната безбедност и нејзините очекувани последици оправдуваат…. измена на Уставот за време ( на претседателскиот) мандат, напиша парламентарците во нацрт законот , потпишан од високи претставници на владеачката партија.

Портпаролот на партијата не сакаше веднаш да го коментира предлог законот за измена на Уставот.

До вчера се уште не беше јасно дали  ПиС ќе обезбеди доволна поддршка за предложената измена, со која актуелниот носител на должноста ќе го изгуби правото да се кандидира за уште еден мандат

ПиС и неговите конзервативни сојузници го контролираат мнозинството во парламентот, но измената на Уставот мора да ја поддржат две третини од пратениицте.

Предложената измена всушност треба да послужи како гест за одделните членови на конзервативниот сојуз, кои минатата недела во Сејмот лобираа за таквото решение, за британските медиуми изјави неименуван извор од ПиС.

Партијата е повеќе расположена за опцијата за оддржување на избори на кои избирачите би гласале по пошта , додадоа тие.

Треба да знаете
Последни објави