Ди Каприо и Де Ниро на фановите кои ќе донираат пари за справување со коронавирусот им нудат шанса да се појават во нивниот следен филм

Леонардо Ди Каприо дава шанса на еден среќен фан да биде во филм со него, со што би помогнал да се соберат пари за справување со коронавирусот.

45-годишниот актер бара од луѓето да донираат во кампањата All In Challenge, а еден среќен добитник ќе може да се појави како статист во новиот филм на режисерот Мартин Скорсезе, Killers of the Flower Moon („Убијци на цветната месечина“), крими-драма во која глуми и легендарниот Роберт Де Ниро.

Во видето кое го објави на својот Инстаграм профил, Ди Каприо вели: „Неодамна го формиравме #AmericasFoodFund за да помогнеме секое семејство со потреба да има пристап до храна во ова критично време“.

„На нашите најранливи заедници им треба нашата поддршка сега повеќе од кога и да било. Затоа бараме да ни помогнете во #AllinChallenge („Предизвик за сите“).

„Ако некогаш сте се запрашале како изгледа да работите со големиот Мартин Скорсезе, Роберт Де Ниро и јас, ова е вашата шанса”.

„Роберт и јас ќе глумиме во нов филм Killers of the Flower Moon во режија на Мартин Скорсезе. Ние сакаме да ви понудиме улога на статист, можност да поминете еден ден снимање со нас тројцата, и да присуствувате на премиерата.

За шанса да победат, луѓето мора да донираат преку allinchallenge.com, а средствата ќе одат во корист на добротворните организации „Оброци на тркала Америка“, „Без гладни деца“, „Светска централна кујна“ и „Фидинг Америка“.

Добротворната акција „Предизвик за сите“ беше покрената на 1 април и за 72 часа беа собрани над 13 милиони американски долари за да им помогнат на најпогодените семејствата во овие тешки времиња кога светот се соочува со пандемија од невидени размери.

„Им благодариме на сите што досега ја поддржуваа иницијативата #AmericasFoodFund. Во првите 72 часа собравме над 13 милиони американски долари за да им помогнеме на Американците најпогодени од оваа криза. Вашата поддршка им овозможува на „Фидинг Америка“ и „Светска централна кујна“ (@FeedingAmerica и @WCK Kitchen) да продолжат со мобилизирање на напорите за помош на оние на кои им е најпотребна,“ напиша Лео.

 

Треба да знаете
Последни објави