Во Црна Гора се регистрирани два нови случаи на коронавирус во последните 24 часа, со што бројот на заразени лица достигна 290.
Од Институтот за јавно здравје соопштија дека се извршени 86 тестови, од кои два се позитивни.
„Двата случаи се од Улцињ, а имале контакт со претходно позитивни лица на Ковид-19“, велат од Институтот.
Во Подгорица се потврдени 153 случаи, во Тузи 36, Никшиќ 32, Бар 23, Улцињ 16 и Андријевица седум.