Кина денеска соопшти дека го почитува мораториумот за нуклеарни тестови, откако Стејт департментот сугерираше дека Кина можеби спровела таен подземен нуклеарен тест на ниско ниво.
Портпаролот на Министерството за надворешни работи, Жао Лиан, рече дека Кина активно ги исполнува своите обврски во рамки на договорите за контрола на оружјето и дека на лажните обвинувања од САД не вреди да се одговора.
Наводите за кинески нуклеарен тест, кои првпат ги објави „Волстрит журнал” би можеле да ги влошат веќе затегнатите односи поради американските обвинувања кон Пекинг за ширување на глобалната пандемија на Ковид-19, оценуваат британски медиуми.