Српскиот министер за одбрана Александар Вулин за време на посетата на Прифатниот центар за мигранти во Обреновац, изјави дека српската армија ги обезбедува сите кампови и води сметка никој да не ги напушти. Како што јави дописникот на МИА од Белград, министерството соопшти дека за сите мигранти е воспоставен 24-часовен карантин сè додека не помине заканата од епидемијата.
-Овде ќе бидат сместени мигрантите и тоа е помош на мигрантите, но пред сè и најважно, тоа е помош за сите граѓани на Србија. Доколку не беа сместени тука, доколку немаат соодветни услови, тие ќе беа на улиците на нашите градови, претставувајќи безбедносен и здравствен ризик за граѓанинте. На овој начин им дозволуваме слободно да го поминуваат своето време, но и ние да бидеме заштитени на секој начин и ниеден српски граѓанин да не биде здравствено или безбедносно загрозен, кажа Вулин.
Комесарот за бегалци и миграција на Србија, Владимир Цуциќ, изјави дека „е задоволен од фактот што од 8.800 луѓе колку се нааоѓаат во центрите, засега никој не покажува симптоми и дека нема никаков проблем, што е индикација за сите мерки што се превземени од крајот на февруари, со што практично први во Србија се изолиравме”, кажа Цуциќ.