Вицепремиерот Бујар Османи соопшти дека се изолирал и решил да не отиде на состанокот на Советот за безбедност, по средбата со кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски на кого му е дијагностициран коронавирусот.
Османи рече дека ќе се тестира за да провери дали и тој е позитивен, посочувајќи дека постојано носел заштита опрема во текот на средбата.
„По позитивната потврда за СОVID-19 на Градоначалникот на Куманово а поради тоа што вчера имавме состанок во општинскиот штаб во Куманово, и покрај тоа што цело време бев со лична заштита маска и ракавици за кои епидемиолозите сметаат дека се доволни за заштита,
решив денес да не одам на состанокот на Советот за безбедност кај Претседателот и да се изолирам до вторник кога тестирањето треба да се направи според протоколите“, посочи Османи.
Тој му посака брзо закрепнување на градоначалникот Димитриевски, како и на сите граѓани заразени со коронавирусот.
https://www.facebook.com/photo.php?fbid=1242957862574781&set=a.181364155400829&type=3