Неделковски: Димески и другите од власта да знаат дека согласно Законот за спорт секој кој ќе сруши или пренамени спортски објект ќе се казни со затвор

Интегрален текст од изјава за медиуми, која е дадена денес (16.04.2020)  при што се обрати Влатко Неделковски.

Помина цела недела откако Државна комисија за спречување на корупцијата објави дека започнува постапка за испитување на судирот на интереси со советникот за спорт на премиерот, во врска со договорот за закуп на СРЦ Кале кој Даниел Димевски го склучил со Јавното претпријатие за стопанисување со објекти за спорт на Република Македонија на 30 години.

Во овие седум дена не видивме никакава реакција ниту од владата, ниту од Даниел Димевски, во врска со наводите кои ДКСК ги пласираше во јавноста.

Да биде иронијата уште поголема, Димевски јавно во медиумите призна, дека склучил договор со ЈПСОС и дека во тоа не гледа никаков проблем и прекршување на законските одредби и етичкиот кодекс кој владата сама го прифатила.

Јасно е дека Даниел Димевски не чувствува одговорност за судирот на интереси кој е очигледен и нема намера да понесе лична одговорност.

Токму затоа денеска ја повикуваме владата веднаш да ги разреши ВД директорот на ЈПСОС Шпенди Хајредин поради несовесно управување со имотот на државата и да покрене кривична постапка за злоупотреба на службена положба и Даниел Димевски советник за спорт на премиертот, да почне постапка за поништување на договорот и да не го чека крајот на постапката од ДКСК, а со тоа да покаже на дело, дека се бори со корупцијата во своите редови и дека таа борба не е само декларативна.

 

Доколку тоа не се случи јавноста со право ќе се сомнева дека Даниел Димевски и в.д. директорот на ЈП „Шпенди Хајредин“ не се сами во овој “дил” и дека зад нив стојат други „заинтересирани страни” за оваа атрактивна спортска содржина, а во нивните очи голема градежна парцела.

За крај уште еднаш ги потсетувам сите вклучени во овој криминален договор на Член 73-б од законот за спорт, кој недвосмислено го кажува следното:

„Тој што спротивно на закон ќе сруши, пренамени за друга дејност освен за дејноста спорт или отуѓи на трети лица објекти за спорт во сопственост на Република Македонија, општините или Градот Скопје ќе се казни со затвор од една до три години“.

 

 

Треба да знаете
Последни објави