По информацијата дека градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски кој вчера одржа состанок на кризниот штаб на Куманово на кој присуствував и јас, е позитивен на Ковид-19, од денеска ќе бидам во домашна изолација, објави министерот за здравство Венко Филипче на Фејсбук.
-На состанокот ги почитував сите протоколи за заштита и носев заштитна опрема исто како и останатите присутни. Ги очекувам епидемиолозите од Институтот за јавно здравје кои освен со мене, ќе направат епидемиолошки анкети и со сите други функционери во Владата кои вчера беа присутни на состанокот. До добивање на епидемиолошка проценка на ризикот и насоки за понатамошно постапување останувам во изолација. Ние го имавме предвид и се подготвуваме и за ова сценарио. Работата на Министерството за здравство продолжува да се одвива непречено, а јас и од изолација останувам во редовна комуникација со комисијата за заразни болести и сите останати инволвирани во овој процес и продолжувам да ги координирам сите процеси во справување со кризата.
https://www.facebook.com/filipce.venko/posts/2364495080524178?__xts__%5B0%5D=68.ARAbRsi1PieKjGpRBb5lpgHhdkD3bDytNcdRpbsfF2GFfKbYs08Ynmn9ufTWw6mN9nDTVSE0difNNkKuq-jB7pCOnfuSAKcKkWNBLYVkycUs-lS7DkR83zNoFxibrmH_jmOUy0gbaWwBXRZjmJmKlcacmbN7QSjtQLYRNQpX47aBnqOxt5taLkdzePx5JtW3SonFCpaCGDEnWxDPnXfHfWuvvQwsYLsf6jt-eXLirf8l9baRI4-04NES9TcMufD6sZsdp2ehDrwv-5i8r_9cduzD6QFg7SRVrq_cbSpJGQ6SKfaO1vEpG7ilMGPr4Ug1Ao0WuQQvzu9ZJSS6SUXQtLL0&__tn__=-R
Како и досега, Министерството за здравство редовно и навремено ќе информира за состојбата со коронавирусот во земјата, а прес-конференциите ќе ги правиме преку достапните онлајн платформи за оваа намена. Во текот на денот ќе се воспостави техничка можност за ова за да нема застој во однос на информирањето.