(видео) Сириски милитанти обучени од САД за саботажа и тероризам заробени од други екстремисти поддржани од САД

 

„Откако ѝ се предале на сириската армија, 27 милитанти изјавиле дека биле обучувани и вооружени во американски објект“, посочи во средата на брифинг адмирал Олег Журавлев, шеф на Рускиот центар за помирување на руското Министерство за одбрана.

Американските инструктори ги обучувале да изведуваат саботажи на нафтената и на транспортната инфраструктура, како и за терористички акти врз територии под контрола на сириската армија и влада.

Борците изјавија дека одлучиле да се предадат на почетокот од неделава, но додека патувале во близина на јужната гранична област во близина на Ал-Танф – каде што американските војници имаат гарнизон – биле нападнати од друга милитанта група поддржана од САД, самонаречената Револуционерна армија на командоси или „Џаиш Магавир ал-Табра“.

Групата со години функционира под контрола на американските сили и одржува нелегално воено присуство во јужна Сирија, на моменти спречувајќи ги сириската армија и сојузничките милиции да напредуваат на позициите на Исламска држава, дури и откако ветиле дека ќе се борат против терористичката група.

Дваеет и седумте милитанти се единствените преживеани од нападот во кој изгубиле три возила и голем број соборци пред да избегаат, информира Журавлев, додавајќи дека тие сега се под заштита на сириската армија во Палмира и предале десетици парчиња оружје, вклучувајќи западно оружје и ракетни фрлачи.

Локалните медуми споделиле видеоснимки за кои тврдат дека се од предавањето на милитантите, на кои се гледа конвој од осум возила на контролен пункт на сириската армија во близина на Палмира.  Иако не се објавени детали од договорот за предавање, локалните провладини медиуми сметаат дека овој потег е голем удар за САД.

Набрзо откако избувна сирискиот конфликт во 2011 година, Пентагон и американските разузнавачки агенции почнаа отворено да поддржуваат низа вооружени фракции – вклучително и радикални исламистички милиции – да им делат милијарди долари во оружје и опрема со надеж дека ќе го соборат сирискиот претседател Башар Асад.

Иако поддршката на САД за т.н. „умерени бунтовници“ се намали под претседателството на Доналд Трамп, стотици американски трупи остануваат распоредени во Сирија, кршејќи го меѓународното право, а некои од нив – како оние во Ал-Танф – сè уште се борат против Асад.

Треба да знаете
Последни објави