Владата на денешната седница донесе Уредба со која се овозможува правото на посебен додаток од областа на Законот за детска заштита, остварено врз основа на издадените наоди, оцени и мислења од соодветен стручен орган, во кои е препорачан контролен преглед, односно повторен преглед – контрола или рекатегоризација во периодот на траење на вонредната состојба, да се продолжи за време на траење на вонредната состојба, како и два месеци од денот на престанок на вонредната состојба.
-Владата денеска ја донесе и Уредбата со законска сила за изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за заштита на децата за време на вонредна состојба, со цел правото на посебен додаток остварено врз основа на издадените наоди, оцени и мислења од соодветен стручен орган, во кои е препорачан контролен преглед, односно повторен преглед – контрола или рекатегоризација во периодот на траење на вонредната состојба, да се продолжи за време на траење на вонредната состојба, како и два месеци од денот на престанок на вонредната состојба, во услови на секојдневно заострување на мерките на Владата за спречување на ширењето на вирусот во државата (КОВИД-19), што го ограничува нормалното движење на граѓаните и функционирање на реалниот сектор, информираат денеска од Владата.