Австралиски градоначалник фатен како не ги почитува мерките за ограничување и пие пиво на улица

Градоначалник од австралиската држава Викторија е казнет поради кршење на мерката за ограничување воведена поради пандемијата на коронавирус, откако бил фатен како пие пиво со други луѓе на улица.

View image on Twitter

 

Само неколку часа претходно истиот ден, градоначалникот во видео снимка, објавена од советот на градот, ги повика граѓаните да останат дома за да се спречи ширењето на Ковид-19.

Државата Викторија денеска го казни Херберт со парична казна од 1.652 австралиски долари, поради непочитување на правилата за социјално дистанцирање.

Тој се извини поради своите постапки, признавајќи дека погрешил. Рекол дека во тој момент, во рамки на своите градоначалнички должности, разговарал со сопственици на компании.

„Но сфаќам дека ги прекршив мерките воведени поради безбедноста на заедницата. Искрено мие жал поради своите постапки“ рекол Херберт.

Освен градоначалникот, казна добиле и другите тројца луѓе што разговарале со него

 

Треба да знаете
Последни објави