Мухамед Саад Кандалви, лидерот на муслиманската група Таблиги џамат, е обвинет за убиство во Индија, откако одржа собир во Њу Делхи по што дојде до масовно заразување луѓе со новиот коронавирус.
Полицијата наведе дека Кандиви ги игнорирал предупредувањата да го прекине собирот во џамија во главниот град во март, јави Би-Би-Си.
Се претпоставува дека 1.023 лица од 17 држави се заразиле од луѓе кои присуствувале таму.
Саат и неговата група ги негираат обвинувањата. Тие наведуваат дека побарале од сите присутни да си заминат откако индискиот премиер Нарендра Моди најавил воведување полициски час од 22 март.
Поднесени се обвиненија против Саат додека тој е во изолација и нема да може да бара кауција.