Поранешниот тренер на Јувентус и Милан, Масимиглиано Алегри може да го преземе Њукасл, јавуваат британските медиуми.
Според таблоидот „Сан”, 53-годишниот Италијанец ќе стане дел од новиот проект на клубот, кој наскоро ќе го купат нови инвеститори.
За Алегри се заинтересирани и екипите на Манчестер Јунајтед, Арсенал, Реал Мадрид, Баерн Минхен и Пари Сен Жермен.
Њукасл е на 13. место во Премиер лигата со 35 бода на 29 одиграни натпревари.
Во моментов, англиското првенство е прекинато поради пандемијата од коронавирус.