Во овие вонредни денови кога е важно да ја покажеме нашата хуманост и солидарност , градоначалникот на Општина Бутел Велимир Смилевски подели 300 хуманитарни пакети со основи прехрамбени производи и средства за лична хигиена на граѓани од социјално ранливите семејства од Бутел.
Во акцијата беа поделени 300 хуманитарни пакети со основни прхрамбени намирници и средства за лична хигиена на лица од социјално ранливите категории, кои овие денови се справуваат со предизвикот да го поминат денот и да се прехранат.
За акцијата да биде успешна, во соработка со одговорните лица на МПЦ И ИВЗ кои се на територија на Општина Бутел Смилевски додели 200 пакети, кои ќе се поделат граѓаните кои им се најпотребни.
Во оваа акција не ги заборавивме и трудовите инвалиди – пензионери каде што заедно со претседателот на здружението и Градоначалникот Велимир Смилевски, денеска пред општинската зграда беа поделени 30 пакети за оваа категорија на граѓани кои се со ниски примања. Останатите хуманитарни пакети беа поделени на граѓани, кои преку Кризниот Штаб за заштита и спасување на Општина Бутел поднесоа барање за помош со храна и други намирници.
Општина Бутел и утре продолжува со делење на хуманитарни пакети до граѓаните за сите социјално загрозени семејств, но и во иднина се додека трае оваа криза.