Демократската Унија за Интеграција (ДУИ) и понатаму стои на ставот дека во моментот не треба да се направи кратење на платите во јавната администрација, изјави на денешната прес-конференција министерот за економија, Крешник Бектеши.
Тој додаде дека и како министер, но и како преставник на ДУИ, ги следи сите случувања со приходите и расходите во Буџетот.
Во зависност како ќе се одвиваат приходите во месец април и мај секако ќе се донесат соодветни одлуки се со цел Буџетот да биде ликвиден, но истовремено државата да има можност да ги плати и пензиите и социјалните трансфери, но истовремно и платите во јавната администрација. Но и да продолжи и со продуктивните пројекти било капитални или други пројекти кој ќе дават позитивен импакт во економската активност во целина во државата, изјави Бектеши.
Воедно тој истакна дека ДУИ во нејзината политика е конзистентна и секогаш останува и донесува одлуки врз база на направени детални анализи во склоп на приходите и расходите во Буџетот.