Дали знаете што значи зборот „црква“?
Црквата како градба и како инситуција е од особена важност за сите европски народи, но дали знаеме дека овој збор потекнува од само еден европски јазик – грчкиот или старогрчкиот.
Грчкиот збор „еклезија“ буквално значи „собира, повикува, свикува“ и означува заедница на луѓе која во град или во село или на некое друго место се собрала од некоја посебна причина. Во христијанската вера, од религиозни причини, најчесто за литургија. Интересно е што во почетокот овој збор го користеле елинизираните Евреи, паралелно со друг грчки збор, „синагога“ – ‘собрание’, кој станал нивни единствен кога христијаните го узурпирале првиот.
Романските и келтските јазици во Европа го користат овој збор или некои негови изведенки за она што ние го нарекуваме црква. И православните Грци го корстат истиот збор.
Зборот „црква“ иста така доаѓа од грчкиот јазик, од „киријаке“ – ‘господа’, односно генитив од именката „кириос“ што значи „господ, господар“. Зборот „црква“ почнал да се користи со скратување на синтагмата „киријаке оикија“ – ‘куќа господова’.
Уште во IV век црквите на грчкиот исток на Римското Царство почнале да се нарекуваат „кириакон“, но „еклезија“ и „базилика“ биле многу пофреквентни. Но, со текот на времето, а се верува дека преку Готите кај Словените и Германите се вдомил помалкукористениот збор.
„Кирхе“ во Германија, „црки“ во старословенскиот, „циркев“ во Чешка и во Словачка, „церков“ во Русија, „киркен“ во Данска, „киркан“ во Шведска, „церкев“ во Словенија, „киркја“ на Исланд и во Норвешка, „црква„ во Македонија, Србија, Хрватска, Бугарија“.
Во Романија се користи „бисерика“, а во Летонија и во Литванија „базница“ (од базилика).
Во унгрофинските јазици етимологијата е поделена, Унгарците викаат „еѓихаз“ од „еклезија“, а Финците „кирко“ и Естонците „кирик“ од „киријака“.