На Зоран Милевски – Кичеец му е укинат куќниот притвор. Тој беше во домашна изолација од 4 – ти декември лани, кога призна вина во „Рекет“ и беше осуден на три години затвор. Кривичен совет, при Кривичниот суд му го укина притворот, со понудена гаранција од Кичеец.
Согласност да заврши куќниот притвор дало и Обвинителството за организиран криминал предводено од Вилма Русковска. Сега Кичеец на слобода ќе ја чека правосилноста на пресудата. Се чека одговор од Апелација за неговата жалба. На обвинителна клупа за „Рекет“ останаа Боки 13 и Катица Јанева.
Боки е во притвор во Шутка, додека екс шефицата на СЈО е во куќен притвор. Судење за случајот „Рекет“ според продолжува идниот петок.