– Маж на 70-годишна возраст, по потекло од Урошевац, почина денеска на Инфективната клиника на Клиничкиот и универзитетски центар на Косово како последица од заразата од новиот коронавирус, со што бројот на жртви на епидемијата на Ковид-19 во Косово достигна до 12, јави дописникот на МИА од Приштина.
Според соопштението на приштинската болница, мажот бил примен на Инфективно на 12 април во тешка здравствена состојба. Како и претходните починати, и тој страдал и од други пропратни болести.
Во Косово во текот на вчерашниот ден се регистрирани нови 26 случаи на заболени од Ковид-19, со што вкупната бројка на заразени во земјата достигна до 449.
Вчера беа евидентирани и осуммина пациенти кои ја пребродиле болеста, така што официјално во Косово има 79 излекувани лица.