Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска изјави дека улогата на Кина во глобалната пандемија на коронавирусот веројатно ќе ги принуди државите да ја преиспитаат својата телекомуникациска инфраструктура, вклучително и усвојување на кинеската Хуавеј 5G мрежа.
На прашањето за употребата на Хуавеј и 5G, Помпео во интервју за „Фокс Бизнис” рече дека е многу уверен оти овој момент, во кој Комунистичката партија на Кина не била транспарентна и отворена и не постапувала со податоците на соодветен начин, ќе предизвика многу земји да го преиспитаат она што го направиле во врска со нивната телекомуникациска архитектура.
А кога Хуавеј ќе им затропа за да им продаде опрема и хардвер, тие ќе имаат поинаква призма преку која ја гледаат таа одлука, истакна Помпео.