Момче од Росоман тешко повредено откако со автомобил излетало од патот

Жител на Росоман на возраст од 26 години е тешко повреден во сообраќајна незгода која синоќа петнаесет минути пред полноќ се случила на магистралниот пат Градско-Прилеп, кај бензинската пумпа, потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Управувајќи возило со кавадаречки регистарски ознаки, тој изгубил контрола над возилото и излетал од патот. Бил префрлен во комплексот клиники ,,Мајка Тереза” во Скопје, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на лице место извршила екипа од ОВР Кавадарци.

Треба да знаете
Последни објави