Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери упати честитка до сите православни христијани по повод големиот христијански празник, Воскресение Христово – Велигден.
– Дозволете да Ви упатам искрени честитки за добро здравје, душевен мир и среќа. Ви посакувам празниците да ги поминете во убава празнична и домашна атмосфера, опкружени со своите блиски и сакани исполнети со разбирање и убави мисли.
На нашите здравствени работници кои се на првата линија на заштита на нашето здравје, им изразувам благодарност и им честитам на храброста и посветеноста. Почитувани, целиот свет е исправен пред сериозен предизвик кој не потсети сите нас на тоа колку е кревок животот, но и колку е силна желбата за живот на целото човештво.
Не соочи со вистината дека сме сите еднакви и дека само сплотеноста може да не направи победници. На овој централен празник на христијанството кој ја слави победата на животот над смртта, Ви посакувам да живеете во духот на празникот и да ја имате сила која ви ја дава верата.
Драги граѓани, дозволете уште еднаш да Ви го честитам празникот Воскресение Христово – Велигден и да Ви посакам убави празнични денови поминати во семеен мир и душевен спокој., вели во честитката Џафери.