Секоја нормална држава може да се пофали дека не постои криминалец што не може да го фатат, само Република Македонија на чело со Зоран Заев и СДСМ може да се пофали дека не постои криминалец што не може да го пуштат на слобода и да го ослободат од затвор, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
„Додека целата држава се бори како здравствено, така и економски со кризата од вирусот Ковид-19, Зоран Заев си го ослободи омилениот рекетар преку омилената обвинителка Вилма Русковска и практично со ослободувањето на обвинитети и осудените од случајот „Рекет“ сакаат да ги прикријат сите траги за кои веќе на сите им е јасно дека водат до главата на октоподот кој што беше до пред некое време во Владата“, рече Арсовски откако вчера од куќен притвор беше пуштен Зоран Милески-Кичеец кој е осуден во случајот „Рекет“.
Опозицијата прашува дали е точно дека веќе е договорено и ослободување на Катица Јанева од домашен притвор и пуштање на слобода, но и дали се чека погоден момент за да биде пуштен од затвор во домашен притвор и првоосомничениот Бојан Јовановски-Боки 13.