Честитка по повод Велигден од пратеникот Амди Бајрам

Дозволете ми во мое лично име и од името на партијата Сојузот на Ромите од Македонија, на сите верници од православна вероисповед да им го честитам најголемиот христијански празник Воскресение Христово, Велигден. Посакувам благодет, мир, спокојство и бериќет во Вашите домови.

 На овој голем ден, кога доброто го победи злото, кога светлината се појави над темнината и кога животот ја победи смртта, искрено посакувам Господ Бог на сите да ни даде мудрост и трпение во овие тешки мигови предизвикано од светската пандемија Ковид 19. Велат, после дождот секогаш доаѓа сонцето, така и поврзаноста на овој празник ја гледам низ призмата на трпението дека наскоро ќе дојдат времиња кога повторно сплотени ќе изградиме заедничка иднина за нашите идни поколенија.   

 Во овие тешки моменти, се одвива борба со невидливиот противник наречен Корона вирус. Сите мораме да бидеме одговорни и совесни и да создадеме заеднички пристап и стратегија за адекватна борба со вирусот. Ако сакаме поскоро да закрепнеме, а со тоа и брзо да се стабилизира општествениот живот, мораме да ги почитуваме мерките од Владата. За жал нема друг начин, освен минимизирање на движењето се со цел да се намали ширењето на вирусот помеѓу нас.

 На овој празник испраќам силна порака дека потребно ни е национално обединување во моменти кога сите граѓани живеат во неизвесност, несигурност и страв. Потребна е надеж и мотивација, потребна е индивидуална жртва ако сакаме колективна здравствена сигурност. Мораме сите да се жртвуваме и да останеме дома, најнапред за самите нас а после и за нашите најблиски. Таква жртва направи и Исус Христос, покажувајќи дека трпението секогаш на крајот се исплати, го победи злото и покажа дека човековата сила и мудрост е над се.

 Ви посакувам прекрасни празнични денови, проследени со многу љубов и хармонија во вашите семејства, добро здравје и мир во вашите домови, на вам и на вашите блиски.

Треба да знаете
Последни објави