-Кај многу мал процент од луѓето што починаа во Италија корона вирусот е вистинска причина за смрт, изјавил научен советник во Министерството за здравство на Италија, Волтер Рикиарди.
Професорот Рикиарди повикува вонредната состојба поради корона висусот да се стави на прво место.
-Не треба да го потценуваме овој вирус, но треба во однос на болеста која корона вирусот ја предизвикува, да го смениме пристапот.
Од 100 лица кои се заразуваат со вирусот, 80 се опоравуваат спонтано, додека 15% од заболените имаат сериозни проблеми за хоспитализација, а 5% потешки проблеми, изјавува Рикиарди.
Тој посочува дека кај само мал број на пациенти, околу два проценти корона е единствена причина за смрт, а додека за повеќето, тоа биле други патологии кои биле во тек, додека корона вирусот е дополнителен поттикнувач…
Преземено од kurir.mk