Еден од најпознатите актери во светот, 56-годишниот Бред Пит, со децении мами воздишки на жените низ целиот свет. Меѓутоа, сега се огласи 58-годишната актерка Елизабет МекГоверн, која тврди дека мажественоста на Бред е – нејзината заслуга. Поточно, во онлајн интервјуто на пејачката Кели Кларксон, таа откри дека го научила овој „холивудска убавец“ како да се бакнува и дека нејзина e заслугата што тој денес е толку пожелен човек.
Актерката Елизабет Мекговерн, со која Бред Пит во 1994 година ја сними романтичната комедија „The Favour“, открила некои занимливости за сексапилниот актер.
За време на нејзиното гостување во емисијата која ја води пејачката Кели Кларксон, МекГоверн рекла дека Бред научил сè од неа и дека таа го научила дури и да се бакнува…
Преземено од plusinfo.mk
https://www.instagram.com/p/B-4aELIHIzz/