Бројот на починати од корорнавирус во болниците и домовите за стари лица во Франција достигна 19.323 лица, од кои 642 во последните 24 часа.
Од почетокот на пандемијата, во француските болници починале 11.842 лица, додека во домовите за нега на стари и изнемоштени лица починале 7.481.
На одделенијата за интензивна нега се наоѓаат 5.833 пациенти.
Франција е практично во блокада од 17 март, како дел од напорите за спречување на ширењето на коронарниот вирус.