Биењето на камбаните во храмовите на Македонската православна црква, точно на полноќ, ја најавија радосната вест за воскресението Христово. Поради мерките за спречување на ширењето на коронавирусот Ковид – 19, оваа година верниците наместо во црквите, останаа во своите домови.
Така беше и во црквата Успение на Пресвета Богородица (Света Богородица Каменско) во Охрид од каде што се направени фотографиите.