Автомобил „мередес“ бил запален од двајца потпалувачи, ноќеска во скопската населба Гази Баба, информираше МВР.
-На 19.04.2020 година околу 04,30 часот добиена е дојава за опожарено патничко мотороно возило на ул. “Алпи“. По излегување на лице место од страна на полициски службеници од ПС Чаир констатирано е дека се работи за возило марка “мерцедес Е430“ со скопски регистарски таблички, сопственост на А.Ф.(25) од Скопје, кое што околу 3 часот било паркирано таму од страна на лицето А.Б. (27), велат од МВР.
Според него, околу 4.20 часот забележал две лица на мотоцикл како фрлаат молотов коктел кон возилото, при што тоа било опожарено во предниот дел кај моторот и инсталацијата.
Се работи на целосно расчистување на случајот.