На Германија ќе и требаат милијарди маски, откако федералната влада експлицитно препорача да се носат во јавниот превоз и при купување, а некои провинции веќе го направија задолжително.
– Ако сакаме да им овозможиме на сите луѓе во Германија да работат, да одат на куување и да се возат со јавен превоз со заштитни маски за лице, тогаш ни требаат од осум до 12 милијарди маски годишно, изјави германскиот министер за економија Питер Алтмаер за „Билд ам зонтаг”. .
Тој додаде дека многу ќе се постигне ако повеќето од потребните маски се произведат во Германија.
Алтмаер, исто така, изјави дека целта е да се произведат милиони маски во Германија во втората половина на летото, како за медицинскиот персонал, така и за жителите.
Тој истакна дека на фирмите не може да им се наложи „што или колку маски мора да произведат”, но дека индустриското производство ќе се помогне преку инвестиции и гарантиран откуп.
Со оглед на недостигот на маски, сојузната влада во средата издаде „експлицитна препорака”, наместо обврска да се носат маски при купување и во јавен превоз.
Според најновото истражување, 46 отсто од Германците поддржуваат носење заштитни маски, 40 проценти се против, а 14 отсто се наодлучни.