Македонксиот тренер Гоце Седловски се вража во својот поранешен клуб Динамо Загреб, објавија попладнево хрватските медиуми.
Седловски своевремено беше и кандидат за тренер на загрепските „сини“, но не дојде до договор.
Седловски, кој беше поранашен играч на Динамо, но и на Хајдук е голем миленик на домашната навивачка група „Бед Блу Бојс“.
Тој во својата треерска кариера ги водеше Норизонт, Вардар, Рига и Широки Брег, а во Вардар ја извршуваше и функцијата спортски директор.