Турција стигна на седмото место во светот по бројот на потврдени случаи со коронавирусот, со што ја надмина и Кина, каде за прв пат се појави овој смртоносен вирус, пренесува „Ројтерс“.
Во Турција, бројот на потврдени случаи со коронавирусот се зголеми на 86.306 лица, соопшти денеска министерот за здравство, Фахретин Хоџа.
Турција стигна на седмото место во светот по бројот на потврдени случаи со коронавирусот, со што ја надмина и Кина, каде за прв пат се појави овој смртоносен вирус, пренесува „Ројтерс“.
Во последните 24 часа, во Турција се пријавени 3.977 нови случаи, а починати се 127 лица, со што вкупниот број на умрени се искачи на 2.017.
Во Турција досега се тестирани над 634 илјади луѓе за коронавирусот.