Лажните вести и дезинформации од ВМРО-ДПМНЕ не запираат ниту во најголема здравствена криза, тоа го нема никаде во светот

Дури и кога државата, како и целиот свет се справуваат со најголемата здравствена криза, ВМРО-ДПМНЕ не се откажува од ширење лажни вести и дезинформации како единствен начин на делување.

Во време кога сите очи се впререни во здравствените институции, Христијан Мицкоски се дрзна на национален медиум да излаже дека државата имала само 100 теста за коронавирус. Од таа негова лага па до денес направени се речиси 5.000 тестови за присуство на коронавирус.

Слична таква лага пласира ВМРО-ДПМНЕ и деновиве кога дрско лаже дека 140.000 граѓани во периодов останале без работа, бројка која нема врска со реалноста.

Наместо одговорно и совесно однесување, јавноста со денови гледа несериозно и деструктивно однесување од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, кои се очајни да се дограбат до политички поени врз грбот на граѓаните.

Никаде во светот, ниту една опозиција не се однесува како што се однесува ВМРО-ДПМНЕ, ниту еден политичар од независноста до денес, се нема однесувано толку деструктивно кон своите сограѓани, како што денес се однесува Мицкоски.

Но за нивното поведение ќе оценуваат граѓаните, Владата, државата, институциите остануваат посветени во борбата против коронавирусот и надминувањето на здравствените и економски полседиици од него.

Треба да знаете
Последни објави