Српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ, утрово изјави дека 192 припадници на полицијата се заразени од Ковид-19 додека пак шест починале.
Стефановиќ рече дека граѓаните имаат доверба во полицијата во овие тешки моменти, и од граѓаните имале повеќе барања.
Полицијата помага секој да дојде до лекови, храна, и се она што им е потребно, а јас сум задоволен со блиската соработка и контакти меѓу граѓаните и полицијата- рече Стефановиќ.