Според градоначалникот на Мадрид, Хозе Луис Мартинес – Алмеида, дуелот на „Енфилд“ меѓу Ливерпул – Атлетико е Биолошка бомба број 2 ако пак оној меѓу Аталанта-Валенсија е број еден.
Имено епидемилозите тврдат дека токму поради тој меч, во Англија и Шпанија од коронавирусот починале 36.000 лица. Од тие 20.000 во Шпанија и 16.000 во Англија.
„Не смееше да се дозволи фановите на Атлетико да патуваат во Англија и да го следат мечот на 11 март. Таму имаше преку 3.000 фанови од Мадрид. Мораше да се биде далеку повнимателен“ истакна градоначалникот на Мадрид Хозе Луис Мартинес – Алмеида.