Дел од екипажот на крузерот „Руби принцес” се враќа во своите земји

Повеќе од 20 смртни случаи поврзани со крузерот „Руби принцес” е причина што околу 2.700 патници речиси еден месец  се закотвен во австралиските територијални води и поради тоа се води полициска и државна истрага.

Според извештаите, околу 200 до 1.000 членови на персоналот се заразени со новиот коронавирус.

Персоналот  заглавен на крузерот во последните четири недели не бил тестиран за Ковид-19, а секој ден растел бројот на заболени лица.

Меѓутоа, 49 членови на екипажот од Велика Британија, Ирска, Канада и Нов Зеланд денеска ќе заминат во своите домови.

Враќањето на останатите членови се уште не е организирано и околу сто членови на персоналот остануваат на крузерот.

Бродот треба да ги напушти австралиските води в четврток и да отплови на Филипините.

Околу 1.000 членови на персоналот од 50 земји од 19 март се изолирани на бродот без никакви информации за нив.

Треба да знаете
Последни објави