Од болница пуштени туристи од Вухан кои од Ковид-19 се лекувале во Италија

Кинеска брачна двојка од Вухан, туристи на возраст од 66 и 67 години, кои симптоми на коронавирус развиле на патување низ Италија, вчера беа пуштени од болницата, откако двапати биле тестирани со негативен резултат на вирусот.

По акутната фаза, двајцата биле во сериозна состојба, минале низ долга фаза на закрепнување и посттрауматска терапија, бидејќи, како што велат лекарите, во тешки случаи на инфекција со коронавирус, пациентите исто така страдаат од шок.

Кинезите им се заблагодарија на италијанските власти за грижата и вниманието и се подготвуваат деновиве да заминат дома. Пациентите се изолирани и сега се чувствуваат добро.

Тие биле хоспитализирани кон крајот на јануари, а го напуштиле Вухан непосредно пред блокадата на градот, па најпрво престојувале во Милано, потоа во Парма, за конечно да пристигнат во Рим, каде се сместиле во хотел во централниот дел на градот, од каде наскоро биле префрлени во специјализирана болница Спаланцани.

Треба да знаете
Последни објави