Градоначалникот на Њујорк остро го критикуваше Трамп

Градоначалникот на Њујорк, Бил де Блазио, остро ги критикуваше претседателот Доналд Трамп и потпретседателот Мајк Пенс и ги обвини дека ја игнорирале тешката состојба во Њујорк и не покажале подготвеност за финансиски да му помогнат на најнаселениот град во Соединетите Држави.

„Претседател Трамп, што се случува? Зошто сега занемевте кога секогаш имате нешто да кажете? Како вие, кој имате свое мислење за сè, сега немате идеја како да им се помогне на американските држави и градови“, иронично му се обрати градоначалникот на Њујорк на шефот на Белата куќа.

Треба да знаете
Последни објави