Бројот на хоспитализирани и на смртни случаи продолжуваат да се намалуваат во Белгија

Белгискиот кризен штаб за коронавирусот соопшти дека во последните 24 часа се хоспитализирани дополнителни 172 пациенти со дијагноза на Ковид-19, и дека веќе неколку дена бројот на нови хоспитализирани останува под 200, јави дописничката на МИА од Брисел.

Сличен тренд на намалување бележи и бројот на починати, во последните 24 часа починале 170 лица. Вкупниот број починати од почетокот на пандемијата во Белгија сега изнесува 5.998 лица.

Направени се нови 5.214 тестови од вчера, од кои 973 се позитивни.

Вкупниот број на потврдени случаи на Ковид-19 во Белгија изнесува 40.946, информираа епидемиолозите од кризниот штаб.

Белгиската влада сега подготвува излез од рестриктивните мерки, со почеток од трети мај, доколку до тогаш остане ситуацијата стабилна. 

Треба да знаете
Последни објави