Нејмар треба да се откаже од 30 милиони евра годишно за да се врати на „Камп Ноу”

Напаѓачот на Пари Сен Жермен се соочува со најважната одлука во неговиот живот, пренесува „Мундо Депортиво”.

Според каталонскиот весник, бразилскиот техничар ќе треба да ги проголта пропуштените финансиски придобивки од околу 30 милиони евра годишно ако се врати на „Камп Ноу”.

Во моментов, платата на Неј на „Парк де Пренс” надминува 50 милиони евра, бидејќи на неговата плата се додаваат бонуси од Националната банка на Катар.

Во Барса, тој ќе мора да потпише договор од околу 20 милиони евра годишно. Ова би можело да биде последниот воз кој го фаќа Нејмар во Барселона.

Треба да знаете
Последни објави