За 24 часа, нови 531 смртни случаи во Франција од Ковид-19

Со нови 531 смртни случаи, во Франција бројот на жртвите од епидемијата со Ковид-19 достигна 20.796, јави дописникот на МИА.

Во Франција вкупно 117.324 лица се со потврдена дијагноза на Ковид19. Вечерва 30.106 лица се на болничко лекување поради заразата со вирусотдодека 5.433 пациенти се во тешка состојба и се на интензивна нега.

Тринаесет дена по ред бројот на пациентите кои се на интензивна нега се намалува.

Треба да знаете
Последни објави