Шведска која имаше најлиберален пристап во борбата со пандемијата од коронавирусот денеска регистрира најголем број на смртни случаи – 185. Шведска не се одлучи за рестриктивни мерки кон своите граѓани, овозможи да функционира економијата во услови на пандемија. Високите функционери ја бранеа одлуката на земјата за да не прибегнува кон карантин.
Епидемиологот Андерс Валенштен рече дека доброволните ограничувања може да функционираат подолг период од задолжителните што им беа наметнати на повеќето луѓе низ Европа. Бројките во Шведска се менуваа во голема мера во последните две недели. Јавната здравствена агенција во земјата објави само 29 нови смртни случаи минатата недела и 40 вчера. Агенцијата сега вели дека имало најмалку 94 смртни случаи во текот на викендот.