Објавени мемоарите на Вал Килмер за врската со Анџелина Џоли

Вал Килмер (60) во новата книга I’m Your Huckleberry пишува за врската со Анџелина Џоли (44), која ја запознал во 2004 година на снимањето на драмата „Александар Велики“.

Врската ја почнале по премиерата на филмот.

„Таа ме спаси, ме спаси од пеколна ледена осаменост… Ме спаси ангел, најголем од сите – Анџелина… Кога луѓето ме прашуваат каква е таа, секогаш им велам дека е како другите жени и другите sвезди, но многу повеќе. Анџелина е уште поубава, дури и помудра, дури и потрагична, дури и поволшебна… Таа е поприземна од другите…“, напиша Килмер.

„Дали вредеше? Да. Секогаш вреди да запознаете луѓе за кои е потребна една недела труд за да ги разберете“, напишал Вал во своите мемоари, пренесува „Мирор“.

Сепак, романсата не траела долго.

Анџелина почнала да го снима филмот „Господин и госпоѓа Смит“, каде што лудо се вљуби во Бред Пит, кој поради неа, ја остави тогашната сопруга Џенифер Анистон.

Од друга страна, Килмер неодамна се пожали дека води осамен живот, 20 години немал сериозна врска.

Треба да знаете
Последни објави