Децата на Ева Мендес е невозможно да се видат на нејзините профили на социјалните мрежи. Нејзините холивудски колеги често споделуваат интимни моменти со семејството, но не и 46-годишната актерка.
„Отсекогаш имав јасни граници кога станува збор за мојот партнер и децата. Ќе разговарам со нив за тоа, се разбира, до одредени граници, но нема да објавувам фотографии од нашиот секојдневен живот“, одговори таа на еден коментар на фановите.
Таа додаде дека нејзините деца сè уште се мали и не разбираат што значи објавување фотографии.
„Затоа немам нивна дозвола. И јас нема да ги објавувам нивните фотографии сè додека не бидат доволно возрасни за да ми го дозволат тоа“.
Мендес е мајка на две ќерки, четиригодишната Амаде Ли и петгодишната Есмералда Амаде. Ги доби со својата долгогодишна љубов, актерот Рајан Гослинг.