Уште 2.237 новоинфицирани со Ковид-19 во Германија

Во Германија во изминатите 24 часа потврдени се 2.237 случаи на новиот коронавирус, со што бројот на инфицирани во земјата се искачи на 145.694, соопшти Институтот за инфективни болести Роберт Кох. За еден ден починале 281 луѓе, со што бројот на смртни случаи од последици од Ковид-19 се искачи на 4.879. Озравени се нешто помалку од 100.000 луѓе односно 4.200 повеќе од претходниот ден.

Треба да знаете
Последни објави