Претседателот на Бреша, Масимо Челино му забрани на напаѓачот Марио Балотели да комуницира со италијанската порно ѕвезда Роко Сифреди, пишува „Кориере дело Спорт”.
За време на карантинот, Балотели разговара во живо на својот Инстаграм со познати личности. Следниот гостин во етерот требаше да биде ѕвездата на филмови за возрасни, Роко Сифреди, но шефот на Бреша силно препорачува на Балотели да се откаже од ова интервју.
Балотели се пресели во Бреша од Марсеј летото 2019 година. Напаѓачот има 19 настапи во Серија „А” оваа сезона со 5 голови. Неговиот договор со клубот е за уште една сезона, но тешко дека ќе се исполни, бидејќи Бреша сигурно ќе испадне од елитата.