ВМРО-ДПМНЕ: Зголемувањето на акцизата е уште една владина „кризна мерка“ која ќе удри по џебот на граѓаните

Соопштение до јавноста – реакција на соопштението на СДСМ

„Зголемувањето на акцизата на горивата не е решение туку дополнителен проблем за граѓаните и уште една владина „кризна мерка“ која ќе удри по нивниот џеб. Цената за неспособноста на Владата на СДСМ да се справи со епидемијата и економската криза како резултат на истата ја плаќаат граѓаните.

Не постои никаква економска логика и оправданост во овие тешки моменти да се земаат милиони евра од стопанството и граѓаните со наводна премиса да им се помогне на истите. Токму оваа мерка директно ќе влијае на најзагрозените и најпогодените од оваа криза.

Ваквото зголемување на акцизата дополнително може да повлече и останати зголемувања на цените, односно ценовни шокови кои во овие тешки моменти ќе значат колапс на македонската економија.

Зголемувањето на акцизата најчесто се користи како еколошка мерка за да се дестимулира користењето на нафтени производи, но во овие моменти на македонското стопанство му е потребен стимул за дополнително раздвижување, а не намалување на економската активност.

Ваква мерка не се превзема никаде во светот.

Не може и не смее граѓаните да ја плаќаат цената што изминатите три години во мирнодобски услови кога цел свет бележеше раст на економијата. Да потсетиме дека за време на оваа економска ренесанса македонската Влада се занимаваше со рекет и криминал, а сега се очекува на товар на граѓаните да падне пополнувањето на буџетските дупки.

Треба да знаете
Последни објави