Над десет милиони Французи се на парцијална невработеност поради коронавирусот

 Бројот на вработените од приватниот сектор кои во моментов го користат режимот на парцијална невработеност достигна 10,2 милиони, кои според министерката за труд Муриел Пенико „се заштитени”, јави дописникот на МИА.

Вкупно 820.000 претпријатија или скоро 60 отсто од нив побарале да имаат пристап до оваа мерка на владата, која погодува 10,2 милиони вработени поради забавување на активноста предизвикана од епидемијата со коронавирусот. Најпогодени се трговијата, хотелиерството, угостителството, но и автомобилските гаражи и градежништвото.

Минатиот петок министерството за труд објави уредба, која има за цел да го прошири бројот на социјално-професионалните категории  кои можат да ја користат мерката на парцијална невработеност. Меѓу нив се наоѓаат манекенките, новинарите хонорарци, стјуардестите и стјуардите или пак техничките и уметнички професии во спектаклите и музичката индустрија.

За финансирање на оваа мерка, француската влада одвои 20 милијарди евра.

Треба да знаете
Последни објави