Сеул: Ким заздравува, во Северна Кореја не се случува ништо невообичаено

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун заздравува по кардиоваскуларната операција, објавија денеска јужнокорејските медиуми.

Според официјален Сеул, во Северна Кореја не се забележани невообичаени активности.

„Дејли НК”, порталот со седиште во Сеул, што го уредуваат дезертери од Северна Кореја, вчера објави дека Ким по операцијата на срце извршена на 12 април заздравува во вила во Хујангсан и е под лекарска контрола.

По информациите дека Ким Џонг е во тешка здраствена состојба, неименуван американски разузнавач тврди дека САД имаат опсежен план за справување со очекуваната криза од масовни размери во Северна Кореја.

Тој за „Фокс њуз” наведе дека при евентуална смрт на Ким, Северна Кореја ќе се соочи со голема хуманитарна криза, милиони луѓе би останале без храна, што би покренало масовен егзодус во Кина.

Според него, американскиот план во голема мера се потпира на Кина, која би помогнала во контролирање на ситуацијата во Северна Кореја.

Си-Ен-Ен вчера објави дека САД ги следат информациите на тајните служби според кои лидерот на Северна Кореја е во критична состојба по операцијата на срцето.

Гласините за неговата здравствена состојба беа поттикнати откако Ким не се појави на одбележување на роденденот на неговиот дедо на 15 април. Тој последен пат е виден на 11 април на владина седница.

Претходно, Американскиот претседател Доналд Трамп на прес-конференција одговарајќи на прашање за здравствената состојба на Ким Џонг-ун му посака добро здравје на севернокорејскиот лидер.

– Се појавија такви извештаи, но ние не знаеме. Имам многу добри односи со него. Можам само да кажам дека му посакувам да оздрави, бидејќи ако неговата сосотојба е таква како што објавија медиумите, тоа е многу сериозно. Му посакувам и многу среќа, наведе Трамп.

Тој додаде дека се уше никој не ги потврдил медимските наводи, а Си-Ен-Ен прв објави таква вест.

– Кога Си-Ен-ЕН ќе објави нешто, немам големи надежи во тоа, посочи Трамп.

Северна Кореја строго ги контролира информациите, посебно за Ким, кој во земјата има статус на божество.

Треба да знаете
Последни објави