Материјалната штета од земјотресот во Загреб е проценета на 5,5 милијарди евра

Министерот за градежништво и просторно планирање во Хрватска, Предраг Штромар објави дека материјалната штета предизвикана од земјотресот кој го погоди Загреб и околината пред еден месец, на 22 март се проценува на околу 5,5 милијарди евра.

-Струлните лица од Градежниот факултет контактираа со своите европски колеги и ги направија проценките за направената штета. Направени беа пет верзии на проценки и ја одбраа онаа за која сметаат дека е најрејална – изјави Штромар.

Во хрватска при крај е изработката на закон со кој ќе се изврши обнова на уништените стамбени и деловни објекти настрадани од земјотресот.

 

 

Треба да знаете
Последни објави