Хали Бери откри дека Пирс Броснан ја спасил од гушење додека снимала нешто што требало да биде секси сцена за Бонд-филм.
Таа гостуваше во вчерашната емисија TheTonight Show каде со водителот Џими Фалон зборуваше за некои интересни случки од нејзината кариера.
Холивувската актерка откри дека Пирс Броснан, тајниот агент 007 во Die Another Day („Умри некој друг ден“), буквално ѝ го спасил животот за време на снимањето на сцена од филмот.
„Требаше да бидам секси во обид да го заведам со смоква, но почнав да се гушам и тој мораше да стане и да ми направи Хајмлихов зафат“, откри 53-годишната актерка.
„Не беше нималку секси“, додаде таа, смеејќи се.
„Џејмс Бонд знае како да направи Хајмлихов зафат! Беше тука за мене, тој секогаш ќе биде еден од моите најмили луѓе во светот“.
Хајмлиховиот зафат е постапка при укажување прва помош со примена на силен ненадеен притисок врз абдоменот помеѓу папокот и ребрата. Со овој зафат се подига притискот во градниот кош на лице кое се гуши откако му застанало парче храна или некој предмет во душникот.